Вчера околу 11.00 часот во ЕИК Скопје, од Ургентен центар Скопје било пријавено дека кај нив бил донесен Б.И. (34) од с. Глумово, Скопско. Тој извршувал градежни работи на ул. „Иван Хаџиниколов“ во населбата Драчево, Скопје, каде што паднал од висина.
Констатирани му се тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.