| четврток, 6 декември 2018 |

СБ: Политичката криза влијае врз растот на економијата

sb

Економскиот раст на Македонија годинава ќе биде ограничен на 2 отсто поради продолжувањето на политичката криза. По нејзиното разрешување што се очекува кон крајот на годинава, растот до година  треба да 3,3 процнети и 3,7 проценти во 2018 година, прогнозира Светска банка во најновиот Економски извештај за регионот на Европа и Централна Азија.

Во извештајот се наведува дека политичката ситуација останува главен  фактор на ризик на краток рок, додека зголемениот фискален ризик поради брзото темпо на раст на државниот долг може негативно да влијае на растот на среден рок. Според Светска банка, спроведувањето на фискална консолидација, со политика на фискална одржливост и смирување на јавниот долг ќе помогнат за справување со ваквите ризици.

Во извештајот се вели дека поради продолжената политичка нестабилност во земјава негативно реагираа приватните инвеститори.

Како главни двигатели на економскиот раст СБ ги наведува приватната потрошувачка и зголемените инвестиции, особено јавните инвестиции поврзани со изградбата на двата нови автопата.

Според Светска банка, се очекува трендот на намалувањето на сиромаштијата  да продолжи, следејќи го темпото на економски раст. Растот на платите и нови вработувања ќе имаат клучна улога за намалување на сиромаштијата, стои во извештајот.

Од земјите во регионот се предвидува најголем раст оваа и наредната година да има  Косово со 3,6 проценти и 3,9 проценти, а во 2018 година Косово и БиХ со проектиран раст од 3,7 проценти.

За годинава растот на економијата во Хрватска ќе биде 2,4 проценти, следната два и во 2018 година 2,4 проценти. Во БиХ за годинава растот е проектиран на 2,8 проценти, следната 3,2 и за 2018 година 3,7 процнети. Во Србија се предвидува растот да биде за годинава 2,5 проценти, следната 2,8 и во 2018 година 3,5 проценти. Во Албанија растот на БДП годинава ќе биде 3,2 проценти, следната 3,5 и во 2018 година 3,5 проценти. Во Бугарија растот на БДП ќе биде 2,7 проценти, следната 2,9 и во 2018 година 3,1 процент. Во Црна Гора растот на економијата за годинава според Светска банка ќе биде 3,2 проценти, следната 3,6 и во 2018 година 3 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top