| четврток, 6 декември 2018 |

Мисајловски на терен: Наскоро започнува изградба на три нови експресни патишта во источниот регион

mis1

Проектите во инфрастуктурата не запираат и тоа го докажуваме цел овој период. Денеска сме присутни на реконструкција на регионалниот пат од Зрновци до Аргулица, пат кој е од големо значење во овој регион бидејќи минува низ 7 населени места, напиша на „Фејсбук“ министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

– До сега инвестирани се 48 милиони денари, а останува да се реконструира уште 3,5 километри за да го комплетираме целиот пат. Инвестициите во патната инфраструктура ќе продолжат и во наредниот период. За таа цел ќе инвестираме близу една милијарда евра во изградба и реконструкција на нови автопати, регионални и магистрални патишта. Ќе одвоиме 30 милиони евра само за реконструкција и изградба на локални патишта во сите општини. Секоја година дополнително ќе ја зголемуваме програма за одржување на државните патишта што ќе придонесеме за квалитетна патна мрежа низ државата – објави Мисајловски.

mis3

mis4

Тој информираше дека набрзо ќе започне изградбата на трите нови експресни патишта во источниот регион.

– Ќе отпочнеме со реконструкција на автопатот од Велес до Градско, од Неготино до Демир Капија и од Скопје до Куманово. Ќе започнеме со реконструкција и на патот од Гостивар до Кичево, од Македонски Брод до Скопје и уште шеесетина други патишта со што комплетно ќе ја смениме инфраструктурата во земјава – информираше Мисајловски.

mis7

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top