Постои и теорија за тоа дека целото семејство било проколнато бидејќи, како што напишал Едвард Клајн во книгата „Проклетството на Кенеди“, навистина се поставува прашање зошто секогаш некој од тоа семејство кога ќе дошол до целта морал да ја плати највисоката цена.
Постојат повеќе теории за тоа како настанала клетвата. Според една, клетвата на таткото на поранешниот претседател Џозеф Кенеди, кој наводно бил бескрупулозен човек и антисемитист, ја фрлил еден рабин.
Според друга, проклетството оди и подлабоко во минатото и му се припишува на Томас Фицџералд, прадедо на Џон Фицџералд Кенеди од страната на мајката, кој ги „вознемирил духовите“ во Ирска. Оние кои не веруваат во клетви мислат дека таа била измислена за да се чува под тензија семејството кое дало еден претседател на АСД, двајца кандидати за претседатели и тројца сенатори.
Џозеф Кенеди и неговата сопруга Роуз имале девет деца, од кои дури четири настрадале трагично. Неколку години пред да бидат убиени Џон и Роберт, животот го загубил нивниот најстар син Џозеф Кенеди Џуниор, во кого семејството положувало политички надежи и верувало дека токму тој ќе стане претседател на САД.
Но, тој план бил прекинат во 1944. година со неговата смрт. Загинал како пилот во Втората светска војна. Имал 29 години, а семејството никогаш не го добило неговото тело. Четири години подоцна, исто така во авионска несреќа, загинала сестрата на поранешниот американски претседател, Кејтлин. Настрадала на 29 години, при пад на авион во Франција, додела патувала од Париз кон Азурниот брег.
Другата сестра, Розмари, со години патела од психичко пореметување, па по предлог на лекарите и согласност од нејзиниот татко била подложена на лоботомија. Зафатот целосно ја онеспособил тогаш 24-годишната девојка. Починала во 2005. година по повеќе од 40 години вегетирање во ментална институција. Седум години пред убиството на Џон Фицџералд Кенеди, неговата сопруга Џеки Кенеди родила мртво девојче.
Во 1963. година, два дена по раѓањето, поради проблеми со белите дробови, умрел нивниот син Патрик. Животот трагично го изгубиле и синовите на Роберт Кенеди. Дејвид Кенеди никогаш не се опоравил од смртта на својот татко и умрел во 1964. година од предозирање со кокаин, додека другиот син Мајкл погинал во 1987. година на скијање во Аспен. Имал само 39 години.
Летот со авион бил кобен и за еден син на поранешниот претседател, 38-годишниот Џон Ф. Кенеди Џуниор. Тој во 1999. година од округот Есекс за Њу Џерси возел мал авион. Со него во авионот биле неговата сопруга и нејзината сестра. Додека летале над Атлантикот, било ноќ и магла, Кенеди станал дезориентиран и го урнал авионот во морето. Никој не ја преживеал несреќата. Последната смрт во семејството се случила во 2012. година, кога втората сопруга на Роберт, Мери Ричардс, извршила самоубиство со бесење
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.