Браќата Никола и Лука Карабатиќ вчера се појавија пред суд за да ја потврдат својата невиност во случајот кој ги вознемирува со години. Двацата беа обвинети дека се обложиле на натпреварот од француското првенство меѓу Сесон и Монпелје, одигран во мај 2012 година.
– Веруваме во правдата и затоа сме тука, нема никакви елементи за наместен натпревар и пред судијата го кажавме тоа – изјави Никола Карабатиќ по двочасовното испитување како дел од жалбената постапка.
Парична казна во износ од 2.500 до 30.000 евра е казната која браќата Карабатиќ ќе ја платата по процесот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.