Според првите рендери (нормално, не се потврдени од Apple), iPad Mini 2 изгледа навистина фасцинантно. Најдобро од се е што скоро и не постојат граници околу екранот на уредот, туку максимално се искористува целиот простор.
Спецификациите велат дека втората генерација на iPad Mini ќе ни донесе Retina екран со резолуција од 2048 x 1536 пиксели, како и Apple A6X чип, идентичен на оној во iPad 4.
iPad Mini 2 би останал екстремно тенок со само 7,5 милиметри, а Apple наводно нема да го жртвува животниот век на батеријата, односно таа ќе остане со издржливост од 10 часа. Еве дел од спецификациите:
- 7.9″ Retina екран, 2048 x 1536 пиксели, односно 324ppi
- Apple A6X процесор
- 8.0 mpx задна камера
- 2.0 mpx предна камера
- 16, 32, 64GB простор за складирање
- Дебелина од 7.5mm
Извор: gsm.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.