Извршниот директор на „Apple“, Тим Кук, е подготвен да руча со било кој во седиштето на компанијата, но тоа „задоволство“ ќе чини многу. Имено, Кук го понудил своето време на „online“ аукција во рамктите на Осмата Аукција за човекови прави на Центарот – Роберт. Ф. Кенеди.
Најупорниот учесник на аукцијата ќе добие едночасовен ручек во „Caffe Macs“, кафулето во седиштето на „Apple“, со Тим Кук со кој ќе може да разговара на секоја тема. Иако „startup“ компаниите и претприемачите веројатно ќе сакаат ваква шанса, но можноста за ручек ќе ја добие оној кој ќе понуди најмногу.
Инаку, минатата година, полчасовното пиење на кафе со Кук во кампусот на „Apple“ беше продадено по цена од 73.000 долари, исто така во рамките на истата добротворна аукција.
Сепак, цената на оброкот е пресметана во износот, ноне и патувањето и сместувањето.
Со „ситни букви“ во договорот ќе пишува дека состанокот би можел да се реализира и до една година по добиената аукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.