Американскиот рапер Канје Вест бил итно хоспитализиран по откажувањето на 21 концерт од неговата северноамериканска турнеја, јави „Њујорк тајмс“.
Гласините говорат дека се работи за истоштеност. Триесет и деветгодишниот рапер моментно се наоѓа во клиника во Лос Анџелес, на психијатриско одделение.
Мајк Лопез, портпаролот на Полицијата на Лос Анџелес, изјави дека вчера попладне добиле повик за нарушување на јавниот ред на адреса на којашто се наоѓа еден од имотите на ѕвездата. По пристигнувањето, тие веднаш повикале и итна помош.
Откажувањето на турнејата на Канје уследи по неговиот јавно искажан политички став во средата дека за него новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, е „апсолутно генијален“. Во неделата, организаторите на Твитер објавија дека сите преостанати 21 концерт од турнејата што требаше да трае до 31 декември се откажани и дека парите за билетите ќе бидат вратени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.