| четврток, 6 декември 2018 |

Паранојата го скрши – Канје Вест останува во болница

kan

Повеќе од седум дена, американскиот репер Канје Вест, се лекува на психијатриското одделение во една болница во Калифорнија, а неговата состојба се уште не е променета.

Имено здравствената состојба на раперот  кој минатиот понеделник беше итно хоспитализиран поради акутна психоза и параноја, настаната во тек на дехидратација и недостаток на сон, не се поправа со брзината со која негововото семејство би ја сакало, пишуваат американските таблоиди.

-Канје се труди што побрзо да оздрави, но работите не течат според план. Докторите се уште не можат да го пуштат на домашно лекување, бидејќи неговата ментална состојба се уште не е стабилизирана. Паранојата го скршила – рекол извор близок на раперот и додал дека Ким Кардашијан не се одвојува од него.

-Ситуацијата сериозно ја вознемири, но таа не се одвојува од сопругот. Постојано е со него – рекол извор близок на семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top