| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски камионџија ограбен во Србија

kamioni

Македонски камионџија е ограбен во српскиот град Јагодина.

Полицијата вчера уапсила двајца разбојници, кои под закана со оружје го ограбиле македонскиот државјанин на автопатот Белград-Ниш.

Според српската полиција, македонскиот камионџија го имал паркирано возилото покрај автопатот, кога двајцата разбојници дошле и со закана со пиштол му ги одзеле сите пари и документи.

Не е познато за колкава сума пари станува збор, а полицијата не го објавува ниту идентитетот на македонскиот државјанин.

На арамиите им е одреден 48-часовен притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top