Во Охрид ќе го доизградиме затворениот базен во Охрид во спортскиот комплекс Билјанини извори. Инвестиција вредна над 5 милиони евра. После 50 години ветувања, Охрид ќе добие затворен базен. Ќе изградиме најсовремен конгресен центар во Охрид, инвестиција вредна 10 милиони евра, истакна вечерва на митингот во Охрид , претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
-Ќе изградиме две катни гаражи во Охрид, една во центарот на Охрид и една во рамки на спортскиот комплекс Билјанини извори, во вкупна вредност од над 7 милиони евра. Предвидуваме изградба на пристаниште- марина во Охрид. Ќе го уредиме крајбрежјето на Охридското Езеро. Ќе изградиме патека од плоштадот во центарот на Охрид до црквата „Свети Јован Канео“ и новата патека ќе ја поврземе до плажата Лабиново. Ќе направиме напори за обезбедување на ивеститор за изградба на Ски-центарот Галичица кој ќе биде комбинирано планинско и езерско одморалиште кое се предвидува да биде во функција во текот на целата година, рече Груевски.
Тој потенцираше дека во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ е планирано е да се изгради нов, експресен пат од Охрид до Пештани во должина од 14.5 км. Инвестиција вредна околу 40 милиони евра , за кој веќе проектот се изработува и е при крај.
-Ќе започнеме со изградба на целосно нови 145 станови наменети за социјално ранливите категории на граѓани. Овој проект ќе чини околу 360 милиони денари. Ќе извршиме надградба на пречистителна станица за отпадни води во Враништа и проширување на колекторскиот систем за Охридското Езеро, инвестиција вредна околу 9 милиони евра. Воедно, ќе изградиме и канализациона мрежа и пречистителна станица за отпадни води во Трпејца, инвестиција вредна 78 милиони денари, како и нова канализација во населеното место Лескоец, рече Груевски.
Најави дека за јавните здравствени установи во Охрид ќе бидат обезбедени 496 нови медицински апарати во вкупна вредност од околу 3 милиони евра
-Ќе реконструираме три училишни објекти, и тоа училиштата “Св. Наум Охридски” и “Братство единство”, и Средното Училиште “Св. Наум Охридски” Ќе изградиме три училишни спортски сали во Средното Училиште “Св. Наум Охридски”, Основното училиште “Кочо Рацин”, како и во Основното училиште “Ванчо Николески” во Лескоец. Планираме и отворање на 3 детски градинки од кои едната ќе се отвори во населено место Рача. Ќе се доврши градбата на возобновувањето на Св. Климентовиот универзтитет на Плаошник, инвестиција вредна над 30 милиони евра за Охрид и многу други проекти за охриѓани. Затоа ние велиме, гласај за реална програма која знаеш дека ќе се реализира, а не за лаги кои те потценуваат. Гласај за новата програма на ВМРО која содржи над многу нови проекти, кои се однесуваат на твоите реални проблеми, отворање на работни места, зголемување на плати, пензии, развој во здравство, образование, земјоделие и други области, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер