Активностите во рамките на посетата на високата делегација на Државниот царински комитет на Република Азербејџан ќе се заокружат со вечерашниот гала-концерт, насловен „Пријатели засекогаш“.
Концертот ќе се одржи во Македонската опера и балет, со почеток во 19 часот и на него ќе настапат 17 балетски и оперски уметници од Азербејџан и 12 уметници од нашата земја. Концертот се смета за надоврзување на претходно отворената изложба „Во заштита на културното наследство“, со оглед на тоа дека точките од програмата опфаќаат и фрагменти на национално музичко творештво, со фолклорни елементи кои потсетуваат на вредноста и значењето на културното наследство.
Овој концерт ја симболизира пријателската волја за поголемо зближување на Македонија и Азербејџан, во разни сфери на заеднички интерес, а заедничкиот настап на македонските и на азербејџанските уметници и констатацијата за сличностите и специфичностите на две култури, презентирани преку овој концерт, се потврда дека заедно можеме поуспешно да го негуваме и чуваме културното наследство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.