| четврток, 6 декември 2018 |

Бетовеновата деветта за старт на „Скопско лето“

Годинешното издание на манифестацијата „Скопско лето“ ќе биде отворено со специјален концерт на Македонската опера и балет и хор, диригент и солисти од Јапонија. На средбата со новинарите Мирко Стефановски од Дирекцијата за култура и уметност информираше дека концертот „Бетовен 9-та симфонија“ е избран за отворање на манифестацијата, а интересен е податокот дека диригент е Шунго Моријама од Јапонија, а солисти Еми Хашики, сопран од Јапонија, Ирена Кавкалеска (мецо сопран) и Ѓорѓи Цуцковски (тенор) од Македонија, како и Кеишуке Танака (баритон) од Јапонија. Во изведбата ќе учествуваат и хорот и оркестарот на Македонската опера и балет, заедно со хористи од Јапонија.

Стефановски информираше и за целокупната програма на „Скопско лето“, која предвидува концерти, промоции, театарски претстави кои ќе бидат изведени на постојаните локации, како и за учеството на повеќе ансамбли од странство.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top