Поранешниот грчки претседател Константинос Стефанопулос почина на 90-годишна возраст.
Стефанопулос е хоспитализиран во четврток со пневмонија. Неговата состојба сепак брзо се влошила.
Константинос Стефанопулос беше претседател на Грција во рамките на два мандата. Тој ја вршеше функцијата од 1995 до 2005 година.
Стефанопулос беше избран за прв мандат како претседател благодарение на поддршката на пратениците од социјалистичка партија ПАСОК, која е на власт во тоа време. Тој го наследува на функцијата поранешниот лидер на Нова демократија, Константинос Караманлис.
По завршувањето на вториот мандат во 2005 година, се повлекува од политичкиот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.