Целосно е обновен патот Дојран – Николиќ во должина од 6 километри, објави на својот официјалне профил на „Фејсбук“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
- Пред една година започнавме да го реконструираме регионалниот пат што го ветивме пред жителите и што ги поврзува Дојран и Николиќ. За таа цел инвестиравме 1 милион и 150 илјади евра. Овој пат беше барање на жителите и тоа беше забалежано при една од моите посети. Ние не ги заборавивме граѓаните. Денес, една година потоа, имаме целосно обновен пат од Дојран до Николиќ во должина од 6 километри. Сега жителите ќе можат непречено да ги остваруваат своите потреби и да возат по нов и безбеден пат – порача Груевски.
Инаку, во моментот вкупните вложувања во овој дел од Македонија, само во автопатишта, се околу 225 милиони евра, додаде лидерот на владејачката партија.
- Во тек е изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица која треба да заврши идната година. Во тек е реконструкција на автопатската делница Смоквица -Гевгелија, а се отпочнува и со реконструкција на автопатот Неготино – Демир Капија. инвестиција од 5 милиони евра. Инвестициите ќе продолжат. Ова се зафати кои се важни како за жителите од овие населени места, така и за целата држава и економскиот развој. Ќе направиме уште многу нови работи за подобар живот на граѓаните – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии