| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Не ги заборавивме граѓаните, целосно обновен патот од Дојран до Николиќ (ВИДЕО)

Целосно е обновен патот Дојран – Николиќ во должина од 6 километри, објави на својот официјалне профил на „Фејсбук“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

  • Пред една година започнавме да го реконструираме регионалниот пат што го ветивме пред жителите и што ги поврзува Дојран и Николиќ. За таа цел инвестиравме 1 милион и 150 илјади евра. Овој пат беше барање на жителите и тоа беше забалежано при една од моите посети. Ние не ги заборавивме граѓаните. Денес, една година потоа, имаме целосно обновен пат од Дојран до Николиќ во должина од 6 километри. Сега жителите ќе можат непречено да ги остваруваат своите потреби и да возат по нов и безбеден пат – порача Груевски.

Инаку, во моментот вкупните вложувања во овој дел од Македонија, само во автопатишта, се околу 225 милиони евра, додаде лидерот на владејачката партија.

  • Во тек е изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица која треба да заврши идната година. Во тек е реконструкција на автопатската делница Смоквица -Гевгелија, а се отпочнува и со реконструкција на автопатот Неготино – Демир Капија. инвестиција од 5 милиони евра. Инвестициите ќе продолжат. Ова се зафати кои се важни како за жителите од овие населени места, така и за целата држава и економскиот развој. Ќе направиме уште многу нови работи за подобар живот на граѓаните – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top