Вчера во 5 часот во Свети Николе на ул.„Плоштад Илинден“ , од засега непознати причини настанал пожар во печатница „Цвај Дизајн“ лоцирана во Домот на културата „Крсте Мисирков“, при што истата целосно изгорела.
Опожарен е инвентарот во холот на Домот, билетарата, помошните простории, а биле зафатени и простории на трговски друштва -закупци (пицерија „Леа“, кафе бар „Плаза“, бутик „Ива“, тобако „Куба“ и канцеларија на извиднички одред „Гоце Делчев“).
Пожарот е локализиран од екипа на ТППЕ-Свети Николе. Причинетата материјална штета дополнително ќе биде утврдена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.