| четврток, 6 декември 2018 |

Има 500 килограми и е најдебел човек на светот

Хуан Педро (32) од Мексико минатите шест години од својот живот ги минал прикован за кревет поради неконтролираното дебелеење поради кое достигнал тежина од неверојатни 500 килограми.

За да го спаси од сигурна смрт, брзата помош пред два дена го однела во болница која е специјализирана за операции со кои се отстранува вишок телесна маса на луѓето со вишок килограми.

Педро во Мексиско го нарекуваат најдебелиот човек на светот.

– Не знам што почна да ми се случува. Моето тело тргна по свој пат без контрола. Почнав со диета секој ден, но ништ не успеа, па станав очаен. Моето тело доживеа силна реакција и паднав во кома неколку дена пред да се разбудам во кревет од кој не сум „мрднал“ од тогаш – им изјавил Педро на локалните новинари.

Лекарите утврдиле дека тој боледува од дијабетес, има проблеми со штитната жлезда, висок притисок и вода во белите дробови.

– Хипотиреозата многу му наштети на неговиот организам. Го успори целиот процес поради што неговото тело складирало се што тој ќе внел во организамот, наместо да согорува масти – објаснува доктор Хозе Кастенеда.

Мексико е втора најдебела земја во светот со дури 32 отсто возрасни кои имаат зголемена телесна тежина. Први се амариканците со 36,5 отсто.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top