Американскиот комичар и актер Џона Хил врати голем дел од килограмите што ги загуби со ригорозна диета пред две години. На снимањето на новиот филм, во кој игра заедно со Мајлс Телер, „Оружјето и момците“ (Arms And The Dudes), папараците го фотографираа Хил во едно големо издание.
Американските медиуми шпекулираат дека, најверојатно, се работи за добра маска, но од 2011 година, кога загуби повеќе од 30 килограми, Хил постепено почна да се дебелее, за повторно да стигне до епитетот дебелко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.