| четврток, 6 декември 2018 |

На претпослдниот ден на „Синедејс 2016“: „Џган“, „Гениј“ со Фирт и Ло, наградуваниот „Тони Ердман“

Во рамките на „Синедејс плус”, денеска на Фестивалот на европски филм, во “Милениум” од 17:30 часот е македонскиот “Џган” на Вардан Тозија.

Од 20 часот е „Гениј” на Мајкл Грендејџ, со Колин Фирт, Џуд Ло и Никол Кидман. Дејството е во Њујорк во 1920-тите и зборува за односот на еден издавач и на еден писател во процесот на создавање на романот „Погледни го домот свој, ангеле” на Вулф.
Од 22 часот е „Рај” на Андреј Кончаловски, кој освои Сребрената палма за режија во Венеција. Историската драма, сместена во времето на Втората светска војна, се фокусира на тројца луѓе чии патиша се вкрстуваат: Олга, руска аристократка емигрант и членка на францускиот отпор, Жил, француски соработник со нацистите и Хелмут, висок СС-офицер.

Во „Фросина”, од 16:30 е “Тони Ердман” на режисерката Марен Аде. Филмот е приказна за Винфрид, кој не ја гледа често неговата амбициозна ќерка Инес.
Филмот е кандидат за европски оскар, а Европската филмска академија го номинираше и во категориите за режија, сценарио, најдобра музика и најдобра женска и најдобра машка улога. Режисерката Марен Аде веќе освои повеќе меѓународни награди.
Од 19:30 е „Од другата страна”, филм на Зринко Огреста, кој освои седум Златни арени во Пула, меѓу кои за најдобар филм и за најдобра режија, а главниот актер Лазар Ристовски за најдобар актер.
Од ревијата на Орсон Велс, вечерва е „Граѓанинот Кејн” во 22 часот во Џебно кино.
Во 11 часот, во МКЦ има работилницата за продукциски дизајн, која ќе трае до в недела.
Вечерашната забава, од 23 часот е со новиот бенд на Стивен Малиндер од „Кабаре Волтер”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top