| четврток, 6 декември 2018 |

Претепан, па ограбен битолчанец

Вчера во 10.10 часот во СВР Битола, А.Ќ. (26) од Битола пријавил дека истиот ден во 4.30 часот на ул. „Партизанска“ му било извршено разбојништво од страна на две непознати лица.

Сторителите му се доближиле од зад грб, по што едно од лицата го удрило со тврд предмет во пределот на главата и тој паднал на земја. Кога се обидел да стане, повторно бил удрен во пределот на лицето. Додека лежел на земја сторителите извршиле пребарување во џебовите од каде што му одзеле 15.000 денари, по што побегнале од местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top