| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски-Орбан: Македонија може да смета на поддршката на Унгарија (Видео)

Никола Груевски ги истакна, а Виктор Орбан ги потврди одличните односи меѓу Македонија и Унгарија. Орбан нагласи, развивањето на односите е резултат на заложбата за пријателство на Груевски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја предводи партиската делегација на средбата со унгарската владина делегација, во Будимпешта имаше одвоената средба со премиер Орбан

Унгарија е пријателска држава и сојузник на Република Македонија, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, по билатералната средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан. На средбата беа потврдени одличните и пријателски односи, како и добрата билатерална соработка помеѓу двете држави. Беше разговарано и за предизвиците со кој се соочува Република Македонија поврзани со политичката криза како и плановите по одржувањето на престојните избори и искористување на капацитетите за соработка како на планот на политиката, така и во економската сфера.

soorban

На заедничката прес конференција по средбата, Груевски истакна дека Унгарија е пријателска држава и сојузник на Република Македонија, држава со која изградивме многу високо ниво на односи и заедничка доверба и соработка. Македонија, вели,  може да смета на поддршката на Република Унгарија во поглед на нејзините стратешки интереси за членството во Европската Унија и НАТО.

-Македонија може и понатаму да смета на поддршката и пријателството на Унгарија. Со премиерот Орбан разменивме мислење околу перспективите на Република Македонија за членството во НАТО и ЕУ. Ние по изборите ќе продолжиме со напорите земјата што побрзо да се приклучи кон овие организации-изјави Груевски.

Тема на средбата биле актуелните предизвици врзани со политичката криза во државата и нејзиното надминување при што клучен момент се престојните избори, .

-Ние сме политичка гарнитура која е силно посветена за подигнување на животниот стандард на граѓаните, отворање на нови работни места, привлекување на инвестиции и давање на нови перспективи и можности на нашите граѓани. Политичката криза треба да заврши што поскоро, а изборите се најдобрата можност за тоа, и потоа заедно со помошта на нашите пријатели да се фокусираме на понатамошниот развој и напредок на Република Македонија- изјави Груевски.

so-orban-2

Премиерот на Унгарија, Орбан ги потврди одличните односи меѓу двете земји и истакна дека Република Македонија може да смета на поддршката на Унгарија. Тој истакна дека развивањето на односите е резултат на заложбата за пријателство на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Имав средба со Никола Груевски со кого имаме долгогодишна соработка. За време на неговото премиерување македонско унгарските односи достигнаа исклучително високо ниво. Меѓу двете држави изградивме вистинско пријателство и заслугата за тоа е на господинот Груевски. Ова пријателство се темели на принципи. И Република Унгарија и Република Македонија имаат свое место во Европската Унија и НАТО. Посакуваме на нашите македонски пријатели да се зачленaт во овие организации што поскоро. Нашата соработка е успешна и ние ги поддржуваме аспирациите на Република Македонија за ЕУ и НАТО- истакна унгарскиот премиер.

Орбан посочи дека Унгарија со сите можни средства ќе ги поддржува интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО и таквата поддршка ќе продолжи и по изборите на кој ќе одлучуваат македонските граѓани.

-Следуваат избори на кој ќе одлучува македонскиот народ, сакам да потенцирам една работа со сигурност Македонија која има иднина во НАТО и ЕУ секогаш ќе може да смета на поддршката од Унгарија и ќе помогнеме со сите можни средства да стигнете до вашата цел- изјави Орбан на заедничката прес конференција по средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top