Вчера во 17.45 часот во ЕИК Скопје, од екипа на Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека во Скопје на ул. „Жан Жорес“ , настанал пожар во стан, при што било пронајдено починато лицето Ц.Н. (67).
Смрт била констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Увидна екипа извршила увид на местото на настанот.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.