| четврток, 6 декември 2018 |

Делегација на македонската Царина на 13. состанок на SELEC

Делегација на Царинската управа на Република Македонија, предводена од директорката Наташа Радевска-Крстевска, во Букурешт, Романија учествуваше на 13. состанок на Советот на Југо-источниот европски центар за спроведување на законот (SELEC).

На состанокот се одбележани петгодишнината од постоењето на SELEC како меѓународно тело за борба со криминалот и центар за регионална соработка на полициите и царините од 12 балкански држави – Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Грција, Унгарија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Турција, а за прв пат од своето постоење има генерален директор од Република Македонија.

selec-1За време на состанокот беа презентирани постигнатите резултати на SELEC во текот на пет годишното работење, плановите за работа во иднина, како и предизвиците со кои континуирано се соочуваат земјите членки.

Царинската управа на Република Македонија, стои во соопштението, има секојдневна успешна соработка во рамките на SELEC, а се работи и на продлабочување на соработката преку зголемена размена на информации и иницирање на заеднички акции за сузбивање на криминалот во регионот на Југоисточна Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top