Делегација на Царинската управа на Република Македонија, предводена од директорката Наташа Радевска-Крстевска, во Букурешт, Романија учествуваше на 13. состанок на Советот на Југо-источниот европски центар за спроведување на законот (SELEC).
На состанокот се одбележани петгодишнината од постоењето на SELEC како меѓународно тело за борба со криминалот и центар за регионална соработка на полициите и царините од 12 балкански држави – Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Грција, Унгарија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Турција, а за прв пат од своето постоење има генерален директор од Република Македонија.
За време на состанокот беа презентирани постигнатите резултати на SELEC во текот на пет годишното работење, плановите за работа во иднина, како и предизвиците со кои континуирано се соочуваат земјите членки.
Царинската управа на Република Македонија, стои во соопштението, има секојдневна успешна соработка во рамките на SELEC, а се работи и на продлабочување на соработката преку зголемена размена на информации и иницирање на заеднички акции за сузбивање на криминалот во регионот на Југоисточна Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст