Извесна Џеки од САД на своето момче му рекла дека на службеното патување ќе престојува сама во хотелската соба, но тој набргу сфатил дека го лаже.
Кога стигнала во хотелот во Атланта, таа му пратила неколку секси селфи фотографии, но неговото остро око забележало дека нешто не е во ред. Во аголот на сликата имало дел од куфер кој не е нејзин.
Низ разговорот тој ја прашал кој е бројот на нејзината соба, а потоа се јавил во хотелот на рецепција, каде му кажале дека таа не престојува во таа соба, туку е регистрирана во собата на нејзиниот шеф. Џеки потоа се обидела да се оправда, но веќе било предоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.