
Шпанскиот првак Барселона го пријавила во ФИФА бразилскиот клуб Сантос и побарала обештетување бидејќи Бразилците не го испочитувале договорот кој го имале во врска со продажбата на младиот Габриел Барбоса, познат како Габигол. Според Мундо Депортиво, каталонците имале право да го откупат 20-годишниот Бразилец, благодарение на договорот со Сантос кога овој клуб на Барселона и го продаде Нејмар во 2013 година.
Барселона тврди дека без нивно знаење Сантос, играчот му го продал на Интер и бара да биде обештетена со 7,9 милиони евра.
Кога Нејмар потпиша за Барселона, во купопродажниот договор била вметната клаузула дека Барса ќе има „прва опција“ за талентираниот напаѓач, а во случај каталонците да се откажат, тогаш тој да им биде понуден на другите клубови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


