Вечерва околу 18 часот експлодирала плинска боца во скопската населба Хиподром во близина на скопскиот автопат. Според неофицијални информации, во експлозијата настрадало едно лице, јави ТВ Нова.
На местото на настанот пристигнати се противпожарни возила, возила на брзата помош и на полицијата.
Според информациите на телевизијата, најверојатно избил пожар при што жртвата се обидела да избега, меѓутоа не успеала да ја отвори вратата на време, по што најверојатно починала од задушување.
Веднаш по избувнувањето на пожарот дошло и до експлозија на плинската боца којашто се наоѓала во станот, велат очевидците од околните згради.
Се очекуваат официјални информации од МВР и од противпожарните единици за тоа што точно се случило во Хиподром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.