Министерот за финансии Кирил Миноски денес беше во посета на Радовиш каде оствари средба со пензионерите на која истакна дека Владата во континуитет се грижи за нивниот стандард. Доказ за тоа е покачувањето на пензијата која во декември ќе биде зголемена за 5 проценти.
– Многупати сме биле критикувани од опозицијата, но сепак со секој потег се трудиме да го зачуваме стандадот за пензионерите, освен преку постојаното покачување на пензиите и преку низата мерки кои се спроведуваат како бесплатно банско лекување, бесплатен превоз, бесплатен туристички викенд. Во програмата ќе бидат предвидени големи поволности во секој сегмент, како и во делот на здравствената заштита. Ние не даваме празни ветувања, туку се грижиме за подобрување на животниот стандард на сите категории на населението и на пензионрите, посочи Миноски.
Тој додаде дека во фокусот на Владата остануваат економските политики кои ќе креираат нови работни места и ќе донесат нови инвестиции.
Пензионерите го поздравија присуството на Миноски и искажаа благодарност за навремената исплата на пензиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал до скандал во училиштето во Радовиш: Оџата во училиште го повикала директорката, чиј сопруг е секретар на општината
-
Миноски: Долгот е зголемен за 1 200 евра по глава на жител (видео)
-
Пожарникарите од Радовиш под истрага: Од противпожарната единица направиле коцкарница
-
Кривични пријави за пет лица од Радовиш: Краделе дрва и им се заканувале на шумарите дека ќе ги тепаат