Германскиот весник додава дека сега Европа веројатно ќе мора сама да се грижи за сопствената безбедност – и тоа во време кога во нејзиното соседство се Владимир Путин, Реџеп Тајип Ердоган и Исламската држава.
САД цел век го предводеле слободниот свет, а по победата на Доналд Трамп, Америка доброволно се откажала од таа улога, пишува денес германски Шпигел, оценувајќи дека е време Европа и Ангела Меркел да ја пополнат таа празнина.
„Во јануари, кога Доналд Трамп ќе положи заклетва како 45. претседател на САД, американската ера ќе прослави 100 години, но истовремено тоа ќе биде и нејзин погреб“, наведува весникот.
Шпигел констатира дека Америка долго била ориентир за Западот, но дека доколку Трамп владее како што ветил за време на кампањата, земјата по сопствена волја ќе се откаже од улогата лидер на слободниот свет, па доаѓа редот на Европа.
„Континентот треба да се спротивстави на популизмот, мудро комбинирајќи ги сериозното сфаќање на стравовите и соочувањето со гневот, без да ја ограничува слободата. Крајно време е Европа да почне да ѝ дава поголемо значење на Европската унија, а шокот поради победата на Трамп би можел да придонесе тоа и конечно да се случи“, пишува весникот.
За жал, Европа е во најлоша состојба во последните неколку децении. Британците ја напуштаат Унијата, делумно од страв од слободата на останатите, слободата да се преселат во Велика Британија. Многу влади ги истакнуваат прашањата кои ги делат, а не оние кои ги обединуваат. Европските држави се оддалечуваат, констатира Шпигел.
Што ќе се случи со Западот, Европа и Германија без САД како водечка сила? Германија повторно оживеала во главно благодарение на широкоградноста на САД. Американскиот претседател истовремено бил и наш претседател, барем во извесна смисла, а Барак бил достоен претседател на Западот. Сега мораме да се снаоѓаме без западно водство, наведува германскиот весник.
Во текот на последниот век, сојузниците на САД воделе релативно убав живот – можеле да си го дозволат луксузот без ентузијазам да ја следат европската идеја, затоа што тука биле Американците.
Германскиот весник додава дека сега Европа веројатно ќе мора сама да се грижи за својата безбедност – и тоа во време кога во нејзиното соседство се Владимир Путин, Реџеп Тајип Ердоган и ИСИС.
„Западните лидери – без Америка – се соочени со монументални задачи. Германската канцеларка Ангела Меркел е претставничка на моќните држави и има силни морални темели, што покажала и при бегалската криза. Таа не мора да биде Вудро Вилсон, но треба да стане одлучен лидер на Европа. Доколку не биде тоа, тоа ќе значи дека не ги препознала знаците на времето“, заклучил весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.