Младиот скопјанец, Филип Костовски од скопската населба Ѓорче Петров се занимава со чевларство. Занаетот е за него најголемата љубов. Баш од таа причина, реши да направи нешто што ниту еден чевлар го нема направено, пишува „За сè“.
За период од 4 месеци, стрпливо работеше на најголемиот женски чевел на светот. Висок 3,15 метри со потпетица од 2,5, џиновскиот розев чевел е најголемиот на светот. Изработката на истиот го чинеше Костовски 500 евра, но за сопствено задоволство не му е жал за потрошените пари.
Најголем проблем вели имал со изнаоѓањето на материјал од кој ќе го направи чевелот. На крајот се решил за 11 квадратни метри платно со ликра. Чевелот е изработен по принцип ист како што се прават регуларните чевли. Завардени се сите детали, па дури и флекницата на подпетицата е направена исто како на вистинските чевли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.