Ноќва во 2.30 часот во полициската станица во Гостивар, Љ.С. (28) од с. Речане, гостиварско, пријавил дека во 1.50 часот во Ургентното одделение на Медицинскиот центар во Гостивар дошол Б.Х. (23) од с. Градец, Гостиварско, со негов другар. Тој од персоналот побарал да му се укаже лекарска помош на неговиот другар затоа што бил во алкохолизирана состојба.
Откако Љ.С. му рекол да го легне на еден од креветите , Б.Х. почнал да го навредува и да му упатува вулгарни зборови, по што започнала караница. Во еден момент Б.Х. посегнал по нож со кој му се заканил на Љ.С., кој за да се одбрани му ја фатил раката, но не можел да му го одземе ножот. Бидејќи му рекол дека нема да го нападне, Љ.С. му ја пуштил раката, а Б.Х. го вратил ножот во џебот. Веднаш потоа Љ.С. го пријавил настанот во полициска станица. Полициски службеници го пронашле ножот во просторија на МЦ Гостивар, а од Б.Х. била земена крв и урина. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.