| четврток, 6 декември 2018 |

Нина Димитрова-Шмигер и Роланд Шмигар: Дво­ја­зич­ни­от германско-македонски реч­ник го ра­бо­тев­ме осум­на­е­сет го­ди­ни

Ра­бо­тев­ме бу­ква по бу­ква, од А до Z, и за се­ко­ја заг­лав­на еди­ни­ца на­со­че­но ги ба­рав­ме ма­ке­дон­ски­те екви­ва­лен­ти. При­тоа се слу­жев­ме со мно­гу­број­ни учеб­ни­ци, струч­ни из­да­ни­ја и ен­цик­ло­пе­дии. Освен оп­шти­от збо­ро­вен фонд, реч­ни­кот со­др­жи и струч­ни тер­ми­ни од нај­раз­лич­ни об­ла­сти, ка­ко, на при­мер, би­о­ло­ги­ја, хе­ми­ја, фи­зи­ка, еко­но­ми­ја, ге­о­гра­фи­ја или ма­те­ма­ти­ка, ве­лат авто­ри­те

Ни­на Ди­ми­тро­ва-Шми­гер и Ро­ланд Шми­гер се со­пруж­ни­ци и авто­ри на „Го­ле­ми­от гер­ман­ско-ма­ке­дон­ски реч­ник“, кои жи­ве­ат и ра­бо­тат во Бер­лин, Гер­ма­ни­ја. Не­о­дам­на на нај­го­ле­ми­от са­ем на кни­га­та, тој во Фран­кфурт, бе­ше про­мо­ви­ра­но нив­но­то де­ло на кое ра­бо­те­ле це­ли 18 го­ди­ни. Реч­ни­кот има ре­чи­си 4.000 стра­ни­ци и со­пруж­ни­ци­те Шми­гер поч­на­ле да го ра­бо­тат за­ра­ди сопс­тве­ни по­тре­би. Ро­ланд ра­бо­ти ка­ко тол­ку­вач и пре­ве­ду­вач, а и сам обу­чу­ва ид­ни тол­ку­ва­чи. Ни­на пре­да­ва ма­ке­дон­ски ја­зик на гер­ман­ски дип­ло­ма­ти и учес­тву­ва во обу­ка­та на тол­ку­ва­чи. Но, по 18 го­ди­ни ма­ко­трп­на ра­бо­та, де­нес со уни­вер­зал­ни­от реч­ник мо­же да се слу­жат уче­ни­ци и сту­ден­ти, пре­ве­ду­ва­чи и тол­ку­ва­чи, но и на­уч­ни­ци, струч­ни ли­ца од нај­раз­лич­ни сфе­ри и сто­панс­тве­ни­ци.

Ко­га е об­ја­вен „Го­ле­ми­от гер­ман­ско-ма­ке­дон­ски реч­ник“ и ка­де мо­же да се ку­пи?

ШМИ­ГЕР: Реч­ни­кот бе­ше об­ја­вен точ­но пред ед­на го­ди­на во гер­ман­ска­та из­да­вач­ка ку­ќа „Бу­ске”. Тој мо­же да се на­ра­ча ди­рект­но од из­да­ва­чот или, пак, пре­ку раз­ни е-кни­жар­ни­ци, ка­ко, на при­мер, „Ама­зон”. Ме­ѓу­тоа, во пос­лед­но вре­ме има ин­те­рес и од ма­ке­дон­ски из­да­ва­чи да ор­га­ни­зи­ра­ат ди­стри­бу­ци­ја на реч­ни­кот во Ма­ке­до­ни­ја, та­ка што се на­де­ва­ме де­ка на­ско­ро тој ќе мо­же да се нај­де и во кни­жар­ни­ци­те во са­ма­та зем­ја.

Со­ста­ву­ва­ње реч­ник во че­ти­ри то­ма е го­ле­ма, обем­на, од­го­вор­на и, пред сѐ, мно­гу важ­на ра­бо­та. Ка­ко вам ви ус­пеа да го сто­ри­те тоа? Кол­ку вре­ме ра­бо­те­вте на реч­ни­кот?

ШМИ­ГЕР: На пр­во ме­сто мо­ра­ме да пре­ци­зи­ра­ме де­ка не се ра­бо­ти за тол­ко­вен реч­ник, ту­ку за дво­ја­зи­чен, гер­ман­ско-ма­ке­дон­ски реч­ник. Не­го­ва­та изра­бо­тка бе­ше на­ви­сти­на обем­на ра­бо­та и долг, ма­ко­тр­пен труд. Вкуп­но ра­бо­тев­ме на реч­ни­кот око­лу 18 го­ди­ни. Проб­ле­мот се со­сто­е­ше, од ед­на стра­на, во тоа што бев­ме са­мо двај­ца и имав­ме и ре­дов­ни ра­бот­ни об­вр­ски, па ра­бо­та­та на реч­ни­кот мо­же­ше да се од­ви­ва са­мо во сло­бод­но­то вре­ме. Од дру­га стра­на, се со­о­чив­ме со те­шко­ти­ја­та што сè уште има мно­гу мал­ку струч­ни реч­ни­ци за раз­ни сфе­ри на на­у­ка­та и на тех­но­ло­ги­ја­та, та­ка што мо­рав­ме да ги ба­ра­ме со­од­вет­ни­те тер­ми­ни по раз­лич­ни учеб­ни­ци и струч­ни из­да­ни­ја. Осо­бе­но во пр­ви­те го­ди­ни таа по­тра­га по нај­со­од­вет­ни­те ма­ке­дон­ски екви­ва­лен­ти на гер­ман­ски­те заг­лав­ни еди­ни­ци бе­ше мно­гу бав­на и те­шка би­деј­ќи уште не по­сто­е­ше ин­тер­не­тот со сво­и­те зна­чи­тел­но олес­не­ти мож­но­сти да се дој­де до ин­фор­ма­ции.

Жи­ве­е­те во Гер­ма­ни­ја, со­пруж­ни­ци сте, а сте се за­поз­на­ле во Ма­ке­до­ни­ја. Мо­же ли да ни рас­ка­же­те од ка­де иде­ја­та да го со­ста­ви­те овој реч­ник?

ШМИ­ГЕР: Ро­ланд е по про­фе­си­ја тол­ку­вач и пре­ве­ду­вач, па по­сто­ја­но се со­о­чу­ва­ше со не­до­сти­гот од по­о­бем­ни и ква­ли­тет­ни реч­ни­ци кои, освен се­којд­нев­на­та ле­кси­ка, по­кри­ва­ат и струч­на тер­ми­но­ло­ги­ја. Та­ка што, реч­ни­кот, пред сѐ, поч­нав­ме да го ра­бо­ти­ме за сопс­тве­ни по­тре­би.

Кол­ку ви по­мог­на тоа што сте со­пруж­ни­ци?

ШМИ­ГЕР: Ве­ро­јат­но не по­сто­јат ти­мо­ви што се во со­стој­ба да по­ми­нат по­ве­ќе вре­ме за­ед­но од ед­на брач­на двој­ка. Во кое би­ло вре­ме од де­нот имав­ме мож­ност по по­тре­ба да се кон­сул­ти­ра­ме и да раз­мис­лу­ва­ме за ре­ша­ва­ње проб­ле­ми по­вр­за­ни со на­ши­от труд.

recnik_germanski_01

Од промоцијата на речникот на Са­емот на кни­га­та во Фран­кфурт

Ко­му му е на­ме­нет овој реч­ник?

ШМИ­ГЕР: Тој е пред­ви­ден за мно­гу ши­рок круг на ко­рис­ни­ци. Со не­го мо­же да се слу­жат уче­ни­ци и сту­ден­ти, пре­ве­ду­ва­чи и тол­ку­ва­чи, но и на­уч­ни­ци, струч­ни ли­ца од нај­раз­лич­ни сфе­ри и сто­панс­тве­ни­ци. Ние се тру­дев­ме во реч­ни­кот да оп­фа­ќа­ме кол­ку што мо­же­ме по­ши­рок спе­ктар од ја­зи­чен ма­те­ри­јал, та­ка што сме­та­ме де­ка со пра­во мо­же да се на­ре­че уни­вер­за­лен.

 Кои се ва­ши­те пла­но­ви за во ид­ни­на?

ШМИ­ГЕР: За во ид­ни­на ќе про­дол­жи­ме со те­ков­ни­те ра­бот­ни об­вр­ски, ме­ѓу­тоа не­ма да се на­фа­ти­ме со нов по­го­лем ле­кси­ко­граф­ски про­ект. Сме­та­ме де­ка се­га е вре­ме дру­ги, пом­ла­ди ко­ле­ги да ја пре­зе­мат таа уло­га.

Мо­же­те ли да ни ка­же­те ка­ко оде­ше про­це­сот на со­ста­ву­ва­ње на реч­ни­кот? Што со­др­жи тој?

ШМИ­ГЕР: Ка­ко пој­до­вен ја­зи­чен ма­те­ри­јал се во­дев­ме по гер­ман­ски­от пра­во­пи­сен реч­ник „Ду­ден”. Ра­бо­тев­ме бу­ква по бу­ква, од А до Z, и за се­ко­ја заг­лав­на еди­ни­ца на­со­че­но ги ба­рав­ме ма­ке­дон­ски­те екви­ва­лен­ти. При­тоа се слу­жев­ме со мно­гу­број­ни учеб­ни­ци, струч­ни из­да­ни­ја и ен­цик­ло­пе­дии. Освен оп­шти­от збо­ро­вен фонд, реч­ни­кот со­др­жи и струч­ни тер­ми­ни од нај­раз­лич­ни об­ла­сти, ка­ко, на при­мер, би­о­ло­ги­ја, хе­ми­ја, фи­зи­ка, еко­но­ми­ја, ге­о­гра­фи­ја или ма­те­ма­ти­ка. Се­ко­гаш ко­га во те­кот на пре­ве­ду­вач­ка­та ра­бо­та или во сло­бод­но­то вре­ме ќе се со­о­чев­ме со не­кој ин­те­ре­сен израз, го до­да­вав­ме, та­ка што реч­ни­кот по­сто­ја­но се до­пол­ну­ва­ше. Освен тоа, оп­фа­те­ни се и изра­зи од раз­лич­ни стил­ски ни­воа, од ви­сок стил до раз­го­во­рен ја­зик и сленг, па ду­ри и вул­га­риз­ми. За раз­ли­ка од по­ве­ќе­то по­стој­ни реч­ни­ци, во на­ши­от труд за се­ко­ја гер­ман­ска заг­лав­на еди­ни­ца и за се­кој ма­ке­дон­ски екви­ва­лент се да­ва­ат гра­ма­тич­ки ин­фор­ма­ции. На при­мер, кон­ју­га­ци­ски­те кла­си на ма­ке­дон­ски­те гла­го­ли се оз­на­че­ни со ши­фри кои пре­пра­ќа­ат кон гра­ма­тич­ки та­бе­ли на кра­јот од че­твр­ти­от том на реч­ни­кот. За по­ве­ќез­нач­ни­те збо­ро­ви ну­ди­ме и бо­гат ма­те­ри­јал од при­ме­ри за нив­на­та упо­тре­ба со раз­лич­ни­те зна­че­ња, но и фра­зе­о­ло­шки еди­ни­ци.

Ин­те­рес­но е што тој е со­ста­ву­ван во вре­ме пред ин­тер­не­тот. Де­неш­ни­те ге­не­ра­ции те­шко би го раз­бра­ле тоа. Ка­ква ли­те­ра­ту­ра ко­ри­сте­вте при со­ста­ву­ва­ње­то? Да­ли ку­пу­ва­вте или чи­та­вте до­пол­ни­тел­на ли­те­ра­ту­ра?

ШМИ­ГЕР: Не мо­же да се ка­же де­ка реч­ни­кот е це­лос­но на­ста­нат во вре­ме пред ин­тер­не­тот. Но, ба­рем за пр­ва­та по­ло­ви­на од вре­ме­то на на­ша­та ра­бо­та тоа е ви­сти­на или ба­рем бро­јот и ква­ли­те­тот на веб-сај­то­ви­те бе­ше уште тол­ку огра­ни­чен што не­ма­ше не­ко­ја го­ле­ма ко­рист од не­го. Со по­сте­пе­ни­от раз­вој на ин­тер­не­тот зна­чи­тел­но и нам ни се олес­ну­ва­ше ра­бо­та­та. Ку­пив­ме огром­ни ко­ли­чи­ни струч­на ли­те­ра­ту­ра и ен­цик­ло­пе­ди­ски из­да­ни­ја од нај­раз­лич­ни сфе­ри ка­ко ма­те­ри­јал за екс­цер­пи­ра­ње.

Реч­ни­кот не­о­дам­на бе­ше про­мо­ви­ран на нај­го­ле­ми­от са­ем на кни­га­та во све­тот, тој во Фран­кфурт. Што оче­ку­ва­те по про­мо­ци­ја­та?

ШМИ­ГЕР: Мно­гу ни бе­ше дра­го што бев­ме по­ка­не­ти од ма­ке­дон­ски­те из­да­ва­чи да го про­мо­ви­ра­ме на­ши­от реч­ник на ма­ке­дон­ски­от штанд на фран­кфурт­ски­от са­ем на кни­га­та. Со ог­лед на тоа де­ка реч­ни­кот е об­ја­вен од гер­ман­ска из­да­вач­ка ку­ќа, тој за­се­га стра­да од не­до­ста­то­кот што те­шко мо­же да си го про­бие па­тот до ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка. А, се­пак, сме­та­ме де­ка по­ве­ќе­то по­тен­ци­јал­ни ко­рис­ни­ци се на­о­ѓа­ат во Ма­ке­до­ни­ја. Са­е­мот во Фран­кфурт прв­пат ни да­де шан­са да ја за­поз­на­е­ме по­ши­ро­ка­та ма­ке­дон­ска јав­ност со по­сто­е­ње­то на на­ши­от труд. Освен тоа, ма­ке­дон­ски из­да­ва­чи поч­наа да про­ја­ву­ва­ат ин­те­рес да се до­го­во­рат со на­ши­от из­да­вач за да ја пре­зе­мат ди­стри­бу­ци­ја­та во Ма­ке­до­ни­ја. Се на­де­ва­ме де­ка таа за­мис­ла ќе ус­пее и де­ка на­ско­ро реч­ни­кот ќе мо­же да се нај­де и по кни­жар­ни­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја, за ка­де е и на­ме­нет.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

(текстот е објавен во 219. број на неделникот „Република“ кој излезе во печат на 4. ноември 2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top