На моќната фотографија, која стана популарна на интернет, војвотката од Кронвол, позната како Камила Паркер Боулс чекори опкружена со тим телохранители во чијшто состав се само жени. Фотографијата е направена во текот на посетата на Обединетите Арапски Емирати која е дел од турнејата на нејзиниот сопруг, принцот Чарлс, низ Блискиот Исток во рамките на која двојката ги посети Дубаи, Абу Даби и Ал Аин.
Сите телохранителки се облечени во хиџаби и во абаи.
Според „Дејли мејл“, тимот е составен од жени од Емиратите. Поручничката Шаима ал Каби е водач на тимот, втор офицер е Басима ал Каби, десетар Ханан ал Хатави е зад војвотката, првиот десетар е Нисре др Хамави, а Салама ал Ремеити е офицер за официјален протокол на дворецот на престолонаследникот.
Сликата е објавена на Инстаграмот на Кларенц Хаус, официјален пи-ар на војвотката и на принцот.
Погледнете колку моќно изгледаат. Сите телохранителки се членки на претседателската гарда на Обединетите Арапски Емирати, која брои околу 50 припаднички. Девојките кои ја придружуваат војвотката имаат околу 29-30 години и сите одлично владеат борачки вештини и техники за борба.. Шаима, Нисеен и Ханан го имаат освоено и Монт Евеврест. И тоа само за забава.
Само за информација на оние кои ја доведуваат во прашање способноста на оваа група да обезбедува било кого во хиџаби и абаи (а такви има доста на интернет)…секоја телпхранителка е добро вооружена под облеката и подготвени се да ја заштитат војвотката дури и од напав од непосредна близина.
Женската екипа која се грижи за безбедноста дојде како „кец на десетка“ со оглед на тоа дека целта на посетата на принцот и војвотката е поттикнувањето на жените да бидат лидери и верската толеранција. Групата е фотографирана при излегувањето од хотелот во престолнината на Емиратите.
„Дејли мејл“ наведува дека војвотката е воодушевена од податокот дека во текот на патувањето ќе ја штитат пет жени. Нема подобар момент од сега, за светските лидери да бидат гласни кога станува збор за верската толеранција. Фотографиите како оваа можат само да помогнат во ширењето на добрите пораки и да ги стивнат оние кои ги поттикнуваат стравот и нетолеранцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брачен пар објавил фотографија од венчавката: Кога виделе што има на неа не можеле да си дојдат при себе
-
Им било судено: Маж нашол фотографија од сопругата сликана 11 години пред да се венчаат, се шокирал кога видел што има на неа
-
Подгорица имала клима уреди во 1939?
-
Сликале венчавка од соседниот покрив – кога ја погледнале подобро фотографијата, останале шокирани од глетката (фото)