Рики Мартин го запроси своето момче Џван Јозеф, по повеќе од една година врска. Четириесет и четиригодишниот пејач ја откри свршувачката гостувајќи во емисијата на Елен Деџенерис.
Џван Јозеф (32) е роден во Сирија, а пораснал во Шведска.
– Тој е концептуален уметник, а јас сум колекционер. Барав некои уметнички дела, го видов неговиот труд и полудев, бидејќи многу ми се допадна она што тој го прави. Навистина е оригинален… Штотуку се свршивме! Сега се препотив – изјавил Рики Мартин за своето момче.
Латино ѕвездата призна дека бил нервозен кога го запросил Џван.
– Клекнав на колена и извадив мала метална кутија. Ја обложив со виолетово кадифе, и наместо да го прашам: „ Дали сакаш да се венчаш со мене“, реков: „Ти купив нешто. Толку лошо“ – го опишал Рики запросувањето и додал: „Тој тогаш рече: „Да“,а јас признав: „Сакам да го поминам животот со тебе“ и продолжив да зборувам и дури по половина час сфатив дека тој, всушност, се согласил.“
Рики исто така додал и дека Џван е многу возбуден што ќе им биде очув на осумгодишните близнаци на пејачот – Матео и Валентино. Рики Мартин претходно беше во врска со економистот Карлос Гонзалес Абела, со кого се раздели во 2014 година.
Мартин со гледачите сподели и дека наскоро ќе почне со редовните настапи во Лас Вегас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.