| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на загинатата девојка

Деспина П. (24) е девојката која попладнево го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи во населбата Гоце Делчев околу 16,30 часот.

Сообраќајката се случила кај вториот надвозник во населбата, а во неа учествувале автобус на ЈСП и автомобил „Пежо“ кој го управувала девојката.

Деспина била пренесена во Ургентниот центар каде им подлегнала на тешките повреди.

На местото на несреќата извршен е увид кој треба да ги утврди причините за сообраќајката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top