Без снабдување со електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Центар, Аеродром, Петровец, Сарај, Чаир и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК.
Прекин во снабдувањето од 8.30 до 10.30 часот ќе имаат корисниците од улицата „Ѓорѓи Скрижевски“ во општина Центар, од 8.30 до 14.00 часот, корисниците од улицата Божин Николовски – Силни во општина Аеродром, а во периодот од 8.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата „1“ во село Огњанци во општина Петровец.
Без струја утре во периодот од 9.00 до 14.00 часот, ќе бидат корисниците од село Долна Арнакија, општина Сарај, од 9.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата „Мегленска“ во општина Кисела Вода, и дел од корисниците од улицата Славеј Планина во општина Чаир, во периодот од 10.00 до 11.00 часот, делови од подулиците бр.24 и бр.60 во село Волково, општина Ѓорче Петров, во периодот од 10.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ, во истата општина, во периодот од 10.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Волково, исто така во Ѓорче Петров.
Во истата општина во периодот од 11.15 до 12.15 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „Знеполе“.
Во периодот од 12.30 до 15.30 часот, прекин во електроснабдувањето ќе имаат дел од корисниците од село Кондово во општина Сарај и во периодот од 14.00 до 14.30 часот, корисниците од улицата „3“ во село Огњанци во општина општина Петровец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.