Млада руска двојка се задуѓила со јаглероден моноксид додека имале секс во автомобилот. Артим С. и Ана Д, 18 и 20 години, загинале во „Шкодата“ на родителите на Артем која била паркирана во гаражата, бидејќи го запалиле моторот, пренесуваат руските медиуми.
Како што пишуваат медиумите, двојката на родителите им рекла дека ќе одат во прошетка, но скришно влегле во гаражата каде што бил паркиран автомобилот.
За жал, одлучиле да го запалат моторот од автомобилот за да се загреат и јаглеродниот моноксид во затворениот простор ги чинел живот. Родителите на момчето после неколку часа ги пронашле голи и прегрнати во гаражата. Тие двајца биле во врска само неколку месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.