| четврток, 6 декември 2018 |

Србов: Заев настапува со проекти кои се започнати, во тек се или завршени од ВМРО-ДПМНЕ

srbov

Повеќе нема калкулации, искристализирани се позициите во сите политички опции во Македонија. Гледаме два сегменти од кампањата која се води од политичките чинители. Една е црна кампања која ја форсира СДСМ, додека таа изостанува кај ВМРО-ДПМНЕ, вели Никола Србов од ГДОМ на трибината одржана во Струмица.

-Вториот сегмент од кампањата е онаа конструктивна кампања која се води, која треба да понуди опција на граѓаните за што всушност тие треба да гласаат. Тука ја гледаме ВМРО-ДПМНЕ како настапува со својата политичка изборна програма. Од друга страна СДСМ најмногу притиска кон таканаречената црна кампања која деновиве низ Скопје го доживува својот зенит, истакна Србов.

Тој додаде дека токму во Струмица граѓаните најевтиниот енергенс во светот, гасот, го плаќаат најскапо.

-Во Струмица гасот е поскап дури и од струјата која се нуди во Македонија, тоа е таа кампања со која настапува Зоран Заев. Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ преку делот на конструктивната кампања само во источниот дел на Македонија во моментов гради 200 километри патна инфраструктура. Дополнително го гледаме Заев како настапува со проекти кои веќе се започнати, во тек или завршени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, посочи Србов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top