Познатата поп-пејачка Марија Шерифовиќ вчера го прослави 32-от роденден, а тоа беше воедно и една од ретките пригоди кога се обраќа на социјалните мрежи по веста за врската, а потоа и за раскинувањето со Елена Кариќ.
Марија ја израдува едно посебно и преслатко изненадување – нејзините најмлади обожаватели и’ упатија честитки преку видеоснимка, која пејачката со воодушевување ја сподели насоцијалните мрежи.
Колку ја трогнал гестот на обожавателите докажува и коментарот што го напиша во описот на видеото.
Svake godine u 15:30 🎂🎂🎂 #1411
A photo posted by Marija Serifovic (@serifovic) on
„Останав без зборови… Ви благодарам! Без разлика на сите подеми и падови, ќе се потрудам никогаш да не ве изневерам“, порача Шерифовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


