| четврток, 6 декември 2018 |

Паљото каков што досега го немате видено

14992052_10154754072706549_7306546342181246456_n

Несудениот градоначалник, бодибилдер и битолска икона, Зоран Лазаровски – Паљо, деновиве повторно е хит на социјалните мрежи.

Со разголено торзо, долга коса и саксофон во раце, Лазаровски настапи заедно со актерката Јулијана Стефановска, која се појави преправена како Тина Тарнер. Тие беа дел роденденска комедија на Народниот театар од Битола. Претставата „Патувачки театар“ во режија на Јован Ристевски беше одиграна синоќа, по повод 72. роденден на оваа театарска куќа и непосредно пред заминувањето на гостување во Санта Барбара, САД.

15036435_10154758439841549_3285095805916121060_n 15055841_10154754072876549_4802405173309820134_n 15078861_10154754072776549_3765604555972315436_n 15085724_10154758439611549_4400042566986474632_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top