Несудениот градоначалник, бодибилдер и битолска икона, Зоран Лазаровски – Паљо, деновиве повторно е хит на социјалните мрежи.
Со разголено торзо, долга коса и саксофон во раце, Лазаровски настапи заедно со актерката Јулијана Стефановска, која се појави преправена како Тина Тарнер. Тие беа дел роденденска комедија на Народниот театар од Битола. Претставата „Патувачки театар“ во режија на Јован Ристевски беше одиграна синоќа, по повод 72. роденден на оваа театарска куќа и непосредно пред заминувањето на гостување во Санта Барбара, САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.