| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ не сака да го испушти капитенот, Нарсис останува уште една година

daniel-narcis

Даниел Нарсис по се изгледа ќе ја заврши кариерата во дресот на ПСЖ откако францускиот првак му понуди нов едногодишен договор на ветеранот, продолжувајќи ја соработката за уште една година. Нарсис, кој и на 36-годишна возраст се уште важи за еден од лидерите на „светците“, не ја крие желбата пред да ја заврши кариерата да стане и европски првак со овој француски ракометен гигант.

„Пресреќен сум што уште еднаш го продолжувам договорот со ПСЖ, сакам да му се заблагодарам на клубот за довербата што ја има во мене. За возврат, јас ќе дадам се од себе за да помогнам во остварувањето на клупските цели, што повеќе победи и освојување на Лигата на шампионите. Лани стигнавме до Ф4 турнирот, верувам дека овојпат можеме и да го кренеме пехарот“ – изјави Нарсис.

Одличниот бек во ПСЖ дојде во 2013 од редовите на Кил, клуб со кој Нарсис два пати стигнуваше до титулата европски шампион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top