| четврток, 6 декември 2018 |

Арсовска-Томовска на Светскиот конгрес за паметни решенија во Барселона

По потпишувањето на договорот во Рига, за економска и техничка соработка помеѓу Народна Република Кина и Владата на Република Македонија, официјално започна спроведувањето на проектот „Macedonian Education Network Project“.

15053243_10153796333271741_811700728_o

Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска- Томовска, деновиве учествува на Светската конференција „Smart city“ која се одржува во Барселона, каде што и беа презентирани паметните училници кои кинеската влада ќе ги донира во средните училишта во Скопје.

За време на презентацијата беше остварена комуникација во реално време со тренинг-центарот во Кина, кој е во сопственост на изведувачот на проектот „Хуавеј“ (Huawei).

15126088_10153796335826741_1591566469_o

Министерката имаше можност да го користи софтверот преку кој учениците ќе ја следат наставата, а професорите полесно ќе ја предадат планираната наставна програма, ќе спроведуваат тестови или брзи квиз-прашања, како и презентација на најдобрите решенија од учениците за време на часот.

За време на конференцијата, министерката оствари средби и со претставниците на „Дојче телеком“ кои го презентираа паметното решението за отворени податоци и решението за полнење електрични автомобили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top