Португалскиот дефанзивец Пепе ќе остане во Реал Мадрид, иако неговиот договот истекува во јуни 2017 година.
Времетраењето на новиот договор е главниот проблем што соработката помеѓу европскиот првак и еден од најискусните негови фудбалери уште не се договориле. Пепе сака договор на две години, а Реал нуди само на една.
Во февруари дефанзивецот ќе наполни 34 години, а за фудбалери во негови години Реал Мадрид нуди договор на по една година.
Сепак Реал Мадрид ќе му предложи на Пепе договор 1+1 години, како опција која ќе се активира при одреден број одиграни натпревари во белиот дрес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)