| четврток, 6 декември 2018 |

Три лица исчезнати во еден ден – меѓу нив малолетници и млада девојка

policija

Три лица исчезнаа во ист ден. Во македонската полиција вчера стигнале пријави за двајца исчезнати малолетници и една млада девојка.

Во првиот случај, Р.А. директор на Јавна установа – Детски дом „11 Октомври“, се јавил во полициска станица и пријавил дека петнаесетгодишно девојче, корисник на домот, без одобрение на воспитувач се оддалечило во непознат правец.

Исто така, во полиција е пријавено и исчезнување на 14-годишно девојче од Домот, кое излегло и веќе не се вратило.

Истиот ден во 11 часот и 30 минути во полиција во Велес, 57-годишната Д.Ц. пријавила дека околу 10 часот и 15 минути нејзината 24-годишна ќерка Д.Д. излегла од куќата и заминала во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top