Грчките власти на граничниот премин „Какавија“, на границата со Албанија, привеле двајца службеници на албанското МНР во обид да внесат во државата пропагандни материјали, книги и географски мапи што требало да бидат пренесени во албанската амбасада во Атина.
Според „Прото тема“, при проверка на автомобилот на албанските службеници биле пронајдени пропагандни материјали, книги и мапи на „Голема Албанија“.
Приведените се изведени пред истражен судија, а истрагата ја презеле од грчката разузнавачка служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.