| четврток, 6 декември 2018 |

Сорос ги собра приврзаниците во борба против Трамп

Милијардерот Џорџ Сорос ги собрал либералите на тридневна конференција за да осмислат план во борбата против новиот претседател на САД Доналд Трамп, пишува “Политико”.

Според пишувањата на весникот, конференцијата започнала ноќта во неделата во хотелот ‘‘Мандарин ориентал‘‘, а на средбата присуствуваат и шефицата на демократите во Сенатот, Ненси Пелоси, како и сенаторката Елизабет Ворен.

На тродневната конференција детално се разработува стратегијата за саботажа на планот на Трамп во првите 100 дена од мандатот, кој оваа група го смета за ‘‘ужасен напад на достигнувањата на американскиот претседател во заминување Барак Обама‘‘.

Претседателката на Демократската алијанса, клуб кој е спонзор на оваа конференција, Гаре Ламарш, најавила дека ќе се спротивстават на администрацијата на Трамп.

‘‘Политико‘‘ наведува дека иако ретко се појавува на состаноците на Демократската алијанса, појавувањето на Сорос на овој собир покажува дека е подготвен да ‘‘ги помати сметките на Трамп‘‘.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top