| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос на српско-хрватската граница: Мигрантите ја пробиле заштитната ограда и се упатиле кон Хрватска, активирани армиите

Мигрантите кои пристигнале пеш од Белград до Шид и границата со Хрватска, денес се обиделе да ја пробијат барикадата која ја поставила полицијата, но биле спречени од полициските сили. Откако ја пробиле оградата и преку полињата се обиделе да влезат во Хрватска, полицијата успеала да ги запре и сега се вратени од тампон – зоната на околу 300 метри од границата помеѓу Србија и Хрватска.
Група мигранти од Авганистан и Пакистан денес во близина на Шид се обиделе да ја пробијат полициската барикада и преку полињата да влезат во Хрватска, но полицијата ги вратила на локацијата оддалечена околу 300 метри од границата.

„Мигрантите биле во тампон-зоната помеѓу двете држави, но полицијата ги вратила назад и сега се на простор оддалечен околу 200 до 300 метри од границата“, изјавил портпаролот на Комесаријатот за бегалци и миграција во Србија, Иван Мишковиќ, пренесува српски „Блиц“.

Како што јавува „Јутарњи лист“, откако мигрантите ја пробиле полициската барикада и преку полињата се обиделе да влезат во Хрватска, таму ги дочекале полицајци кои се рашириле во кордон и не им дозволиле влез во земјата.

Откако речиси половина час безуспешно се обидувале да влезат во Хрватска, мигрантите сега се враќаат од „ничија земја“ кон патот пред граничниот премин Шид, наведува весникот. На хрватската страна имало и десетина полициски марици.

Во обидот илегално да ја преминат српско – хрватската граница ги спречила и српската полиција со објаснување дека, ако ја преминат границата, повеќе нема да можат да се вратат во Србија, пишува српски „Блиц“.

Хрватски полицајци се распределен во должина на полињата, јавува TV N1.

Околу 130 мигранти цела ноќ ја поминале на отворено покрај патот, на околу 200 метри од граничниот премин Шид – Товарник.

Мигрантите со потекло од Пакистан и Авганистан, одбиле сместување во центрите за азил протестирајќи што не им е дозволено легално, преку Хрватска, да го продолжат патот до државите во Западна Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top