Раководството на актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје вложи во доведување голем број засилувања за новата сезона, но резултатите изостанаа поради што управата одлучи да ги казна играчкиот кадар и стручниот штаб со една плата.
– Се надеваме дека оваа одлука ќе делува позитивно кај кошаркарите и стручниот штаб, кои во иднина ќе почнат да го даваат својот максимум за да се најде излез од кризата и да се почне со остварување на резултати кои би биле адекватни на вложените средства и на очекувањата како на управата така и на навивачите на МЗТ Скопје Аеродром – се вели во соопштението на официјалниот веб-сајт на „металците“.
Дали лекцијата е научена, избраниците на Александар Јончевски ќе демонстрираат в среда кога на домашен терен ќе си ги одмнерат силите со Лиеткабелис во рамки на Еврокупот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.